Македонија

100 години „Пивара Скопје“ - 100 години традиција, развој и партнерство со заедницата

09 Sep 2022

„Пивара Скопје“ прослави една уникатна приказна, со патувањето кое почна во 1922 година, од визионерско партнерство, искрена доверба и иновативен дух.

Како дел од одбележувањето на големиот јубилеј беа организирани специјални настани на кои заедно со партнерите беше сумиран досегашниот придонес и беше трасиран патот за следните 100 години на „Пивара Скопје“ во одржливиот развој и поддршката на заедницата во неколку клучни области, како што се: едукацијата и развојот на младите, обезбедувањето чиста животна средина и заштита на водните ресурси, создавање инклузивна и средина за учење за вработените и партнерите, инвестирање во нови технологии и други области, како што се: спортот, културата, уметноста и традицијата.

На парнерските настани организирани за 100-годишнината на „Пивара Скопје“ учествуваше и главниот извршен директор на групацијата „Кока-Кола ХБЦ“, Зоран Богдановиќ, како и претставници од „Хајнекен“ и „Кока-Кола компани“. Во оваа прилика тие направија посета на пазарот, при што „Пивара Скопје“ уште еднаш се заложи да обезбеди највисок квалитет на премиум производите и на искуството на нашите купувачи и потрошувачи. Како резултат на тоа, се создаваат високи трајни вредности кои се споделуваат заедно со партнерите и заедницата. Тие го посетија и центарот за искуства на „Пивара Скопје“, сместен во зграда која постои од почетоците на компанијата и каде се наоѓаат голем број артефакти кои сведочат за нејзината долга и богата историја.

Среќни сме и особено горди што во нашата групација имаме компанија со толку богата традиција, со толку многу страст за иновации, за највисок квалитет, за развој и со исклучителен сенс и грижа за потребите на заедницата на која ѝ припаѓа. Заради сето тоа и многу повеќе, „Пивара Скопје“ и нејзините вработени и партнери ќе продолжат да ја добиваат нашата бескомпромисна поддршка, рече главниот извршен директор на „Кока-Кола ХБЦ“, Зоран Богдановиќ.

Автентичната приказната за Пивара Скопје, која се раскажува веќе 100 години, беше повод и за дружење меѓу вработените, деловните и партнерите од заедницата кои во изминатите децении учествуваа и дадоа личен печат во креирањето и споделувањето на заедничките успеси.

Нашата компанија е основана и изградена овде. Истовремено, ние сме дел од едно големо интернационално семејство. Заедно со  „Кока-Кола ХБЦ“ и „Хајнекен“ ние имаме единствена можност да го збогатиме нашиот заеднички потенцијал, преку постојана размена на знаење, искуство и таленти, изјави генералниот директор на „Пивара Скопје“, Горан Сладиќ.

Една од вредностите на Пивара Скопје е желбата да расте, при што посебно внимание се посветува на растот и развојот на младите. Што се забележува од реализацијата на долгорочниот проект за обука на млади луѓе „Вештини за успех“, како дел од платформата „Youth Empowered“, како и за проектот за практикантска работа „Coke Summership“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...