Десет години по отворање на вратите за сите вљубеници, критичари, корисници, зависници од дигитал, AllWeb се враќа за да донесе ново дводневно искуство во кое ќе бидат спакувани четири различни сегменти на програмата.
Овогодинешната конференција има изменет формат - ќе се случува два дена, на 29 и 30 септември, во преубавото Маврово. Содржински ќе покрива теми како дигитален маркетинг, бизнис-стратегија, креативност, web3, метаверзум, корисничко искуство и др., вели Дарко Булдиоски, директор на програмата на AllWeb.
Булдиоски истакнува дека остануваат доследни на квалитетот на говорници кој ќе го понудат.
Публиката ќе може да слушне примери и искуства за како диретно да пристапи до купувачите, која е магичната формула на TikTok, како легално да се ползува Google Analytics 4, но и да прошета низ низ седумте света на т.н. experience design model- додава тој.
За да одговори на истенчениот вкус на својата верна публика, AllWeb X на сцена ќе донесе нови, но и познати говорици. Така на патување низ седумте света на т.н. experience design model, посетителите ќе ги поведе Викторија Тајлор.
Кирстен Јасис, експерт за Instagram и TikTok ќе ги сподели малите тајни на големите мајстори на вирални објави. На барање на публиката, а заради важноста на моментот во кој се наоѓаме, по трет пат на сцената ќе се врати и Роберт Петковиќ. Петко ќе зборува за тоа како легално да употребувате веб-аналитика со посебен фокус на Google Analytics 4.
Останатите говорници и повеќе информации за коференцијата, содржината и форматот, може да се најдат на allweb.mk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.