„Бимилк“ на првачињата во десетте најголеми основни училишта во Македонија им подари пакетче со најслаткото Моја кравица чоколадно млеко.
Првиот ден во училиште е посебен за децата, за родителите. Сакаме на децата и на првачињата да им посакаме успешно школување и среќно и лесно чекорење кон новите предизвици, изјавија од „Бимилк“ при посетата во ОУ „Климент Охридски“ во Битола, компанијата која оваа година одбележува 70 години од постоењето.
Со полниот вкус на вистинско чоколадо во комбинација со најквалитетното млеко, Моја Кравица чоколадно млеко со години претставува омилена слатка напивка за сите генерации.
„Бимилк“ изминативе неколку години не го заборава првиот училишен ден и оваа активност е една од редовните општествено одговорни активности што ги спроведува секоја година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.