Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, вчера остварија работна посета на „Алкалоид“.
Целта на посетата беше претставниците на Советот, преку Програмата за размена на делегации меѓу земјите, да се запознаат одблизу со начинот и со условите во кои работат успешните македонски приватни компании.
Дневниот ред на работната средба опфати презентација на деловните операции на „Алкалоид“, резултатите од работењето, компаниските пласмани и на производствените активности, како и на општествената одговорност, која е еден од клучните сегменти на корпоративната политика на компанијата. Во рамките на посетата беше реализирана и обиколка на производствените капацитети на „Алкалоид“ и на Институтот за истражување и развој на компанијата.
Посебен акцент беше ставен врз деловните операции во САД, каде што „Алкалоид“ во 2005 година основаше подружница во Њу Олбани, Охајо. Освен пласманите на чаеви од програмата Good Nature и на детската козметика од брендот Becutan, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани, американски, фармацевтски компании, со кои има различни форми на соработка.
Членовите на делегацијата, меѓу коиШанел Отри, Тара Кембел, Џејк Еванс, Џон Мајкл Монгомери, Ешли Ванорни и Сузан Свинк, го истакнаа задоволството од успешното работење на „Алкалоид“ и од деловните активности на компанијата на американскиот пазар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.