Македонија

Отворен Балкан е можност трите држави да бидат енергетски побезбедни

01 Sep 2022

Иницијативата „Отворен Балкан” претставува можност Србија, Албанија и Северна Македонија заедно да реализираат проекти во областа на енергетиката со ова се согласија на денешната онлајн-средба претставници на Министерството за рударство и енергетика на Србија, Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија и Министерството за економија на Северна Македонија.

На средбата се разговараше и за подготовка на заеднички, регионален кризен план, можности за складирање на енергенти, пред сè на гас, балансирање на електрична енергија, како и за создавање заеднички фонд за финансирање идни проекти кои се од големо значење за сите три земји.

Како што истакна српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ иницијативата „Отворен Балкан” е одлична можност за поврзување и соработка за поголем проток на луѓе, стока и капитал, како и за заеднички проекти

Имаме и заедничка енергетска кризна група за која неодамна говоревме во Тирана. Со Северна Македонија имаме неколку проекти кои планираме да ги реализираме. Еден е гасоводот со капацитет од 1,4 милијарди кубни метри гас што ќе чини околу 20 милиони евра. Исто така, разговараме и за можностите да градиме заедничка соларна електрана, рече Михајловиќ.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...