Во рамките на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) отвори повик за финансиска поддршка на социјални претпријатија.
Како што информираат од НМСМ, целта на повикот е да се зголеми квалитетот на младите луѓе во земјава преку нивно активирање во инклузивни социјални услуги, да се развијат иновативни технологии за инклузија на млади луѓе од ранливи категории и да се поттикне економско зајакнување на социјални претпријатија предводени од млади.
Сите заинтересирани за финансиска поддршка на социјални претпријатија можат да се пријават најдоцна до 10 септември. Повикот беше отворен на 10 август, а се очекува да се придонесе за намалување на стапката на невработеност на младите луѓе, зголемување на бројот на инклузивни даватели на социјални услуги водени од млади, како и зголемена проодност на ранливи категории на млади на пазарот на труд.
Предвидено е да се обезбеди финансиска поддршка за апликации што ќе се фокусираат на една од следните две области – креирање на нови младински социјални претпријатија и развој на иновативни технологии и унапредување на услуги/сервиси на постојни социјални претпријатија што помагаат за инклузија и вработување на млади Роми, млади без родителска грижа, млади со попречености, млади девојки, млади – излечени зависници од дрога.
Вкупната сума за овој повик е 110.000 евра. Минималната сума што може да биде побарана е 5.000 евра, а максималната е 11.000 евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.