Организацијата „Македонија 2025“ денеска објави дека именува три нови члена во Oдборот на директори, со што нивниот број се зголеми на осумнаесет.
Новите членови во Oдборот на директори се aсс. проф. Венера Крлиу Ханџиски, заменик извршен директор, главен оперативен директор, потпретседател на Одборот на директори и проректор за образование на Универзитетот „Американ колеџ Скопје“; Ѓорѓе Војновиќ, извршен директор на „Триглав осигурување“ – Скопје, претседател на здружението на финансиски организации при Стопанската комора, поранешен професионален кошаркар; Радош Вукиќевиќ, генерален директор на „Тиквеш“.
Овие импресивни лидери ја прошируваат широчината и длабочината на нашите способности и знаења како организација. Знам дека секој од нив лично ќе придонесе за да помогне во остварувањето на нашата мисија и влијание, рече Мајкл Чкламовски, претседавач на Одборот на директори на „Македонија 2025“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.