Македонија

Откриени 6 случаи на африканска чума во земјава

12 авг 2022

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека во земјава се откриени 6 случаи на заболени свињи со африканска чума и тоа во Дамча, Пијанец, Кочани, Чешиново, Облешево и Мојанце.

Овој свински вирус ги загрозува домашните животни и фармите и се лоцирани како шест жаришта на инфекција во радиус од 3 километри. 

Бидејќи нема лек или вакцина за овој вирус, од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се приморани како превентива хумано да ги уништат сите свињи во радиус од 3 км околу жариштето, што значи дека ќе бидат опфатени и малите одгледувалишта во кои жителите за сопствени потреби чуваат по неколку свињи. Според првичните проценки се работи за околу 400 единки. 

Вирусот не се пренесува на луѓе.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...