Сашо Дукоски е новиот претседател на Трговска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија(ССКМ), кој беше едногласно избран на седница на Собранието.
Фокусот на активностите на Дукоски во наредниот период, како што е наведено во соопштението од Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе биде ставен на креирање на подобри услови за деловна активности во секторот трговија и зајакнување на капацитетите на Трговската комора.
Зголемување на активното членството во Комората, која е најбројна организација во државата, преку истакнување на придобивките од коморското работење ќе биде еден од главните приоритети во наредниот период. Наш важен партнер за соработка се организациите на потрошувачи, поради што ќе ја продлабочиме и прошириме соработката во овој сегмент. Посебен фокус ќе се стави и на борбата со црната економија, односно на поттикнување на надлежните органи за детектирање и сузбивање на нерегистрирани и нелегални бизнис активности спротивни на законските прописите. Исто така важно и неопходно е и да се постигне регулаторно ослободување на бизнисот и да се интензивира соработката со донесувачите на законските решенија, изјави Дукоски.
Во своето обраќање пред членовите на Собранието, Дукоски се осврна и околу обезбедувањето на дополнителни поволности за членовите на Сојузот, преку поддршка во обезбедување на поволности за адвокатски, банкарски, услуги за стандардизација и медиуми и медиумски простор.
Дукоски по професија е магистер по технички и по економски науки, со долгогодишно работно искуство во банкарскиот, јавниот и приватниот сектор. Косопственик е на продавниците за италијански златен накит и дијаманти СИГМА.
Сојузот на денешната седница на Собранието му се заблагодарува за значајниот придонес во активностите и постигнатите резултати на досегашниот претседател на Трговската комора, Михаил Кирков, кој презема нова функција во раководната структура на Сојузот, како потпретседател за надворешна соработка.
На денешната седница на Собранието беа избрани и нови членови на раководните тела на Трговската комора.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.