Македонија

Извлечени добитниците од наградната игра „Адреналинска Жито авантура“

08 Aug 2022

Со забава, дружење и музика заврши наградната игра „Адреналинска Жито авантура“ на трговецот „Жито маркети“. На настанот што се одржа во Амфитеатарот кај Младинскиот парк, во Велес во петокот вечерта беа извлечени најсреќните добитници на наградниот фонд.

Им благодариме на сите коишто со своето присуство и со позитивна енергија ја разубавија оваа наша манифестација на музика, играње, пеење, весело дружење и, се разбира, на наградување. Од сè срце им честитаме на сите добитници, во добро расположение и со здравје да ги трошат и да ги служат наградите, изјавија одговорните во „Жито маркети“.

Наградниот фонд изнесуваше близу два милони денари, а во него беа вклучени 100 вредносни ваучери од по 1.000,00 данари; 100 вредносни ваучери од по 3.000,00 денари: три мобилни телефони; три вредносни ваучери од по 100.000,00 денари; пет четирицикли со по 250 cm3: еден четирицикл со 500 cm3. Сите добитници на вредните награди можат да се прочитаат на сајтот и на социјалните мрежи на „Жито маркети“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...