Македонија

МАПА НА ДИСТРИБУТЕРИ: Сигурно кон нови предизвици

03 Aug 2022

Како дистрибутивните и логистичките компании од Македонија одговорија на предизвиците? Какви финансиски резултати реализираа во 2021 година?

Автор: Верица Мартиновска, verica@instore.mk

Стратегијата за работење во период на криза не е да се помирите со ситуацијата или да се сокриете во некое ќоше додека не помине кризата, туку да се обидете да го најдете вистинскиот начин за работење во нови услови.

Секако, и во условите диктирани од пандемијата која ја одбележа и 2021 година на удар беа дистрибутивните компании кои ги спојуваат трговците и производителите и се грижат залихите на произведените производи да бидат рамномерно распоредени во синџирот на снабдување и на оптимален начин да дојдат до крајниот купувач. Затворањата во време на пандемијата како бран ги поттикна пореметувањата во понудата. Дистрибутивните компании мораа да балансираат меѓу осцилациитте во побарувачката и непредвидливите реакции на потрошувачите и нестабилната понуда поради ограничените производствени капацитети, недостигот на суровините и зголемувањето на цените.

Тоа што требаа дистрибутивните компании во овие предизвикувачки времиња да го направат е да се фокусираат на намалувањето на трошоците, намалувањето на капацитетот, консолидирање на доставувачите и ослободување пари со намалување на залихите.

Но, како дистрибутивните и логистичките компании од Македонија одговорија на овие предизвици? Какви финансиски резултати реализираа во 2021 година?

Во втората по ред Мапа на дистрибутери ги мапираме и правиме пресек на финансиското работење на дистрибутивните и логистичките компании чија дејност е дистрибуција на големо на прехранбени производи, пијалаци, тутун, козметички производи и сл.

И во годинешната, втора по ред Мапа на дистрибутери, правиме пресек на финансиското работење на дистрибутивните и логистичките компании чија дејност е дистрибуција на големо на прехранбени производи, пијалаци, тутун, козметички производи и сл. Во анализата ги вклучуваме информациите за финансиското работење според вкупните приходи, профит и приходи од продажбата на производи за 2020 и 2021 година, стапка на профит, профит по вработен и уште неколку клучни параметри.

Листата со компании според остварениот профит во 2021 година е дадена во финансиската анализа што InStore ја направи со податоци добиени од biznismreza.mk. Оттаму може да се забележи голем пораст на профитот на „Адријус“, кој во минатогодишната анализа на InStore беше на 14. место, а годинава се најде на првата позиција. Оваа компанија бележи пораст од 742,44%, односно од 20.832.456 денари во 2020 година, на 175.501.192 денари во 2021 година. „Алма-М“ бележи пораст на профитот од 112,28%, додека „Даути комерц“ од 41,14%. Поголем пораст на профитот во 2021 година бележат: „Алтеа ММ“ (931,75%), „Кола“ (556,01%),  „Флуиди М“ (441,5%)...

Според приходот од продажба на производи во 2021 година, на врвот се најде „Еуро табак“ со остварен приход годинава од 4.979.739.181 денари во споредба со една година претходно кога изнесуваше 4.863.240.510 денари. „Даути комерц“ годинава оствари приход од продажба на производи од 2.986.575.252 денари и пораст од 14,03%, додека „Атлантик трејд“ оствари 2.760.156.559 денари и пораст од 7,09%.

Ако горивото е тоа што буквално и фигуративно го „вози“ бизнисот на дистрибутивните компании, тогаш може да се согласиме дека информациите се „новото гориво“ на секој бизнис. InStore анализата и целокупната содржина во Мапата на дистрибутери уште еднаш покажа дека е горивото кое ќе го придвижи вашиот бизнис, но истовремено ќе даде слика за компаративната предност на вашата компанија.

Табелата каде што е прикажана финансиската анализа на дистрибутерите и логистичарите на македонскиот пазар може да ја погледнете на стр.5 и стр. 32 во Мапата на дистрибутери

 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...