Македонија

„Органска трпеза“ почнува на 30 септември

21 Jul 2022

Петтиот саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ годинава ќе трае три дена – од 30 септември до 2 октомври во Куманово.

Во текот на годинешниот саем, кој е во организација на здружението „Живот“, ќе се оддржи и првиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агро мак“. Двата настани ќе се одржат на отворено, во рамките на спортско-рекреативниот комплекс во Куманово.

Покрај операторите со храна, ќе учествуваат и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување, обележување и следење на прехранбени производи, производители и увозници на препарати и ѓубрива за органско производство...

За повеќе информации и пријава, испратете мејл на zdruzenie.zivot@gmail.com.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...