Македонија

(ГАЛЕРИЈА) Отворен е реновираниот „Жито“ во Аеродром

16 Jun 2022

Синџирот маркети „Жито“ продолжува со обновата и зголемувањето на продажната мрежа низ целата држава.

Последниот во низата реновирани маркети е објектот на булеварот Јане Сандански, бр. 67, зад ТЦ „Капитол“, во скопската општина Аеродром. Продавницата е со вкупна површина од 442 квадратни метри, има 4 наплатни каси, а персоналот го сочинуваат петнаесетина вработени.

Во последнава година го спроведуваме планот за реструктурирање и обнова на повеќе објекти од нашата мрежа низ целата држава. Целта ни е да држиме чекор со глобалните трендови во трговијата и индустријата за широка потошувачка, за купувањето да го направиме што е можно поприспособено на барањата на потрошувачите, велат одговорните во Жито Маркети.

Асортиманот на реновираниот маркет е збогатен со различни категории производи, вклучително и приватната трговска марка 5ка. Маркетот располага и со оддел за свежо овошје и зеленчук, кој секојдневно се надополнува од доставувачот Fruit Land.

Работно време на маркетот е од 7:30 до 21:30 часот од понеделник до сабота. Вклучително со овој објект, мрежата на „Жито“ во главниот град ја сочинуваат 18 маркети.

Gallery: Жито - Аеродром



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...