Македонија

Наградна игра - „За среќно лето со Веро“

15 Jun 2022

„Веро“ најави наградна игра за потрошувачите со многу вредни награди - „За среќно лето со Веро“. Со ова трговецот го одбележува својот роденденски јубилеј и во која најсреќниот ќе си замине дома со автомобил Peugeot 308.

Наградната игра е во тек и ќе трае до 30 јули. Во овој период, секоја сабота ќе се извлекуваат добитници на повеќе вредни неделни награди, односно на еден електричен тротинет, еден телевизор, по еден машки и женски велосипед, еден мобилен телефон, еден рачен часовник, пет вредносни ваучери од 2.000 денари, пет вредносни ваучери од 1.000 денари и на пет сетови прибор за јадење. 

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни потрошувачи во маркетите „Веро“ кои ќе направат сметка од 300 денари од означените промотивни производи. Јавните извлекувања на добитниците на неделните награди ќе се одржуваат секоја сабота во „Веро центар“. Главното извлекување е закажано за 30 јули, кога ќе се додели автомобил Peugeot 308 и скутер Hamachi ILBELLO 50.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...