Македонија

Можност за компаниите да учествуваат во „КонкурентнаПЛАТА“

15 Jun 2022

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и годинава го спроведува националното истражувањето на плати, додатоци и надоместоци „КонкурентнаПЛАТА“.

Алатката #конкурентнаПЛАТА ги собира, обработува и презентира информациите добиени со спроведувањето на валидно истражување на плати, додатоци и надоместоци. Таа ги следи карактеристиките на локалниот пазар и на локалното законодавство, дава ексклузивни информации за специфичните индустрии вклучени во истражувањето, дозволува споредби меѓу повеќе од 150 работни позиции.

Целта на истражувањето #конкурентнаПЛАТА е да даде релевантни информации за цената на трудот за вработени на конкретни работни позиции, за работодавците да ги оптимизираат и континуирано да ги надградуваат и усовршуваат идните политики за развој на човечкиот капитал во организацијата, изјави Владанка Трајкоска, претседателка на ОРМ.

ОРМ ги повикува сите заитересирани компании да учествуваат во истражувањето и да се пријават најдоцна до 17.06.2022 година на е-пошта info@orm.org.mk. Повеќе информации компаниите можат да дознаат од брошурата.

Платформата #конкурентнаПЛАТА е поддржана од Меѓународната организација на трудот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...