Македонија

Школите за бизнис-лидери ги завршија 49 претприемачи

13 Jun 2022

49 претприемачи од големи, средни и мали компании ги завршија школите за бизнис-лидери и развој на мали и средни бизниси.

За зголемување на вештините и знаењата на менаџерите од повеќе нивоа на сите компании, во Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) од минатата година е формиран Совет за високо образование и стратешки истражувања. Во рамките на советот беа развиени две програми – првата за бизнис-лидери има цел да ги унапреди вештините на претприемачите од средните и големите компании, и втората програма е за зголемување на вештините на претприемачите од малите и средни бизниси.

Двете школи стартуваа со предавањата од 9 до 10 декември 2021 година и успешно го заокружија процесот со свечено доделување на сертификати на учесниците од 7 до 9 јуни. Вкупниот број учесници на двете програми беше 49 од 35 компании, преку 14 модули и 74 предавачи.

На свеченото доделување на сертификатите се обрати претседателот на СКСМ, Бранко Азески, кој воедно имаше и предавање на тема лидерство. Тој истакна дека Комората направила голем исчекор со создавањето на едно вакво тело, кое во иднина ќе продуцира врвни менаџери со лидерски способности за развој на домашната економија.

Како што информираат од СКСМ, Советот ќе продолжи со организација на шест нови месечни програми со збогатени содржини и поголем број предавачи-експерти од ноември годинава.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...