MAMA’S лансира на пазарот нови, вегански кремови кои можат да се употребат во разни комбинации и ситуации.
Ова е приказна за едни нови суперфуд кремови кои што всушност поседуваат неизмерна сила и огромен потенцијал да направат револуција во светот на слатките задоволства. Тие се единствени, уникатни суперфуд вегански кремови, без додадени вештачки состојки, без палмино масло, без додадени ароми и без додадени шеќери, соопштија од брендот.
MAMA’S кремовите се достапни во два различни вкуса: MAMA’S ванила крем, кој содржи печена тиква, маџун, ванила, цимет и сок од портокал и MAMA’S какао крем - од печена тиква, маџун, ванила, какао, цимет и сок од портокал.
MAMA'S кремовите можат да ја играат улогата на прелив за палачинки, да се мачкаат на парче леб во комбинација со банана, со јаткасти плодови или може да се користат како додаток на чиа или овесен оброк. Кремовите можат да се конзумираат и во движење без дополнителни додатоци. Истите веќе можат да се најдат на рафтовите во маркетите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.