Македонија

Високите сметки за струја ќе ги затворат компаниите - бизинисот бара дозволи за фотоволтаици

12 Apr 2022

Компаниите не можат повеќе да го издржат товарот од високите сметки за електрична енергија велат од Стопанската комора. Од декември апелираат до властите да преземат мерки, бидејќи сметките за струја се неколкукратно повисоки, но одговор не добиле. На долг рок постои опасност голем дел од компаниите да го запрат своето производство.

Претседател на регионалната комора во Битола сум 12 години можам да кажам дека компаниите се во најтешка состојба, да не кажам во кома, има компании веќе кои го затворија производството. Мојата компанија имаше 800.000 денари струја, сега плаќа 2 милиони денари... компании кои плаќаа по 100 илјади евра струја сега плаќаат по 300.000 евра и веќе се застанува со производство, рече Мирко Велковски, претседател на регионална комора Битола.

Од комората велат дека компаниите се подготвени да инвестираат во фотоволтаиции, но наидуваат на пречки поради бирократски процедури за да ја направаат оваа инвестиција.

Подготвени сме голем дел од сопствените средства да ги инвестираме во сончева енергија во фотоволтаици со цел главниот трошок на енергетскиот импакт да го надминеме. Меѓутоа имаме административни пречки од локалните власти каде што функционираме ги замолуваме локалните власти заедно со владината подршка да ги надминат пречките и да штанцаат дозволи, рече Ирена Јакимовска, претседателка на регионалната комора Прилеп.

Поради неизвесноста во која се наоѓаат компаниите помошта од државата е неизбежно сценарио за да се не случи стопирање на инвестиците и отпуштање на работници.

Никој не може да предвиди колку ова ќе трае, а сето ова доведува до една тешка неизвесност која може да не донесе до ситуација фирмите да се откажуваат од инвестиции, да се откажуваат од работни места, а за некој период и да затворат, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора.

Од комората за утре најавија уште една средба по што ќе и предложат на Владата предлог мерки за надминување на кризата. Покрај помош во делот на електричната енергија ќе побараат и во следниот период на компаните да немаат дополнителни даночни давачки.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...