Македонија

ДЗС: Зголемен прометот во трговијата на мало

01 Apr 2022

Прометот во трговијата на мало, во февруари годинава во споредба со истиот период лани, бележи зголемување во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво и тоа номинално за 11,2, а реално за 7,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, зголемувањето во групата трговија на мало, освен трговија со горива номинално е за 6,8, а реално за 1,0 отсто.

Во трговија на мало со автомобилски горива номиналното зголемување е за 58,7 отсто, а реално за 21,2 отсто, а во групата трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 2,5 отсто, а реално е намален за 5,6 тсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...