Македонија

Maкедонско вино на меѓународниот „Слоу вајн саем“ во Болоња

28 Mar 2022

Седум македонски винарии учествуваат на меѓународниот „Слоу вајн саем“ во Болоња, што ќе трае до 29 март.

Меѓу учесниците се тиквешките семејни винарии „Наумчеви“, „Ерос“, „Јаковлевски“, вински подрум „Попови“, „Захарчев“, „Пешков“, како и винаријата „Шато Камник“. Тие ќе ги претстават своите вина пред интернационалната публика составена од вински професионалци, дистрибутери на вино, сомелиери, вински критичари и писатели, угостители и готвачи и вински ентузијасти.

Според Програмата, денес ќе бидат претставени македонскиот и „ Слоу вајн“ водичите на Италија, САД, Кина, а Германија ќе го претстави искуството за сертифицирање.

Саемот во текот на трите дена ќе понуди конференции, мастер предавања и дегустации достапни за сите љубители на виното, а ќе биде и домаќин на првиот состанок на „Слоу вајн коалишн“, инклузивна, колаборативна и меѓународна мрежа која ги обединува винарите, ентузијастите и професионалците од секторот.

Учеството на меѓународниот Слоу вајн саем во Болоња го организира „Слоу фуд Македонија“ со поддршка на „Слоу фуд Интернационал“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...