Македонија

Сашо Наумоски, „Витаминка“: Масло за јадење има доволно

14 Mar 2022

Масло за јадење има во доволни количини, уверува Сашо Наумоски, генерален директор на „Витаминка, во чија сопственост е брендот Брилијант.

Викендов, министерот за економија Крешник Бектеши ја посети фабриката „Брилијант“ во Штип и направи увид за тоа како се спроведуваат одлуките на Владата за заштита на домашното производство на основните прехранбени производи. 

Нема да има недостиг на масло за јадење. Има доволно залихи и производство. Нема потреба од паника кај граѓаните да купуваат големи количини. Ние имаме потпишано договори. „Витаминка“ е сериозна компанија и обично за три месеци чуваме залихи за сите репроматеријали и суровини. Се надеваме дека соседството ќе  ги отвори границите за извоз на суровини и дека нема да имаме проблем за наредниот период, за после три месеци. Добивме увреување од министерот дека сериозно се работи дека со Република Србија ќе се договорат отворените граници за проток на масло, брашно, пченица. Мислам дека и за  наредините три месеци нема да имаме никакви проблеми, ќе ги реализираме нашите договори со добавувачите од Србија, изјави Наумоски.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...