Македонија

Централен регистар го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

17 Feb 2022

Централен регистар информира дека по барањата за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради  заштита и превенција од Kовид -19, го продолжи рокот за 10 дена, како за хартиено, така и за електронско поднесување на годишни сметки.

Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.

Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема  предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од коронавирусот. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95% годишни сметки, соопштија од Централен регистар.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...