Македонија

Македонските вина на „Продекспо 2022“ во Москва

08 Feb 2022

Шест винарници од земјава се  присутни на националниот штанд на РС Македонија на Меѓународниот саем за храна, пијалаци и суровини за прехранбената индустрија „Продекспо 2022“ во Москва.

Најголемата саемска манифестација од овој вид во Руската Федерација и во Југоисточна Европа e отворена во изложбено-саемскиот „Експо центар“ и ќе трае до 11 февруари. Настапот на македонските компании е во организација на Македонска-руската стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова е деветто учество на македонски компании на овој деловен настан, а годинава на него се презентираат „Тиквеш“, „Стоби“, „Далвина“, „Мовино“, „Езимит“ и „Интернејшнл“.

И покрај сложената здраствена и политичка криза во овој дел на светот, деловните луѓе од македонските компании од винскиот сектор допатуваа во Москва во потрага по нови деловни партнери. Минатата година паради пандемијата  оваа саемска манифестација помина без македонски претставници, но не сакаме подолго да го изгубиме континуитетот на учеството на „Продекспо“, изјави Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

Тој додава дека значењето на „Продекспо“ за македонските компании може да се илустрира со трендот на зголемување на количествата продадено вино во Руската Федерација. Во 2021 година на овој пазар винарниците продале 2 милиони вино во шишиња, а најголем извозник во Русија е винарницата „Стоби“.

На „Продекспо 2022“  се изложуваат производи од 30 индустриски сектори, кои ги опфаќаат сите сегменти од производството на храна. Присутни се 2.660 компании-изложувачи од 73 земји од светот. Се очекува низ халите на „Експо центар“ да поминат 68.600 посетители од 115 земји и претставници на повеќе од 120 меѓународни и руски трговски синџири.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...