Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска на средба со владини претставници ќе ги изнесе барањата на во врска со минималната плата, а ќе бара и потпишувањето на општ колективен договор за јавниот сектор со кој ќе се врати регресот за годишен одмор познат како К-15.
Синдикатот бара веднаш да биде зголемена минималната плата на 18.000 денари во нето износ и таа да не биде пониска од 60 проценти од просечно исплатената месечна нето плата во последните три месеци, како и задолжително усогласување на сите останати плати во државата.
ССМ ги повика пратениците да ги изгласаат измените на Законот што ССМ ги поднесе до пратениците со кои ќе се реализира зголемувањето на минималната плата. ССМ деновиве извести дека го формирала главниот штрајкувачки одбор, наведувајќи дека од исходот на денешната средба во Владата, ќе зависат натамошните чекори на синдикатот.
Штрајкувачкиот одбор по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите, информираат од ССМ.
Решението ќе се бара на седница на економско сицијалниот совет на која освен синдикатот и Владата партнери се и работодавачите. Бизнисмените се против брзи и со закон наметнати решенија за повиссока плата, посебно во услови на криза која ги става под сериозен притисок компаниите. Стопанствениците велат дека не се против зголемување на платите, но инсистираат тоа да биде наметнато од продуктивноста.
Наспроти ова Синдикатот како аргумент плус ја става и нивната анализа која покажала дека растот на платите нема да има негативно влијание на компаниите, туку напротив ќе поттикне поголема продуктивност на работниците.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.