Македонија

Донација на Jana, АВТ и „Тинекс“ за малите пациенти на нефрологија

28 Jan 2022

Со хуманитарната акција „Капка радост за малите херои!" - Jana и „АВТ интернатионал“ донираа средства за целосно реновирање на одделот за нефрологија на детската клиника во Скопје. 

Со донацијата целосно се реновираа сите соби во детскиот оддел за нефрологија, при што сите соби добија посебен тоалет. Низ ова одделение годишно поминуваат по околу 300 мали пациенти. 

Хуманитарната акција беше спроведена во период 1 август до 31 октомври 2021 година во сите маркети на „Тинекс" и „Космо", во кои за секој купен освежителен пијалок од асортиманот на Jana се издвојуваа по 2 денари за Детската клиника во Скопје.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...