Македонија

Во Неготино избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители

24 Jan 2022

Општина Неготино организира избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители.

Aктивностите се во чест на верскиот празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите. Тогаш симболично почнува и закројувањето на лозјата.

Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе ги врши стручна комисија од Здружението на енолози, а oпштина Неготино за најдобрите ќе обезбеди пригодни награди.

Општината го соопшти и начинот на кој сите заинтересирани производители ќе можат да учествуваат на натпреварот со свои мостри од бели, црвени вина и ракии од реколтата 2021 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...