Најголемата домашна фармацевтска компанија „Алкалоид“ проектира раст на приходите за 8 отсто во идната 2022 година. Во нивниот јавно достапен бизнис план за идната година пишува дека продажбата на асортиманот на „Алкалоид“ (консолидирано) се очекува да достигне 224 милиони евра.
Од тоа продажбата на фармацевтски артикли ќе учествува со 87 отсто,а асортиманот на билкарство, козметика и хемија со 13 отсто во вкупната продажба. Извозот на „Алкалоид“ во вкупната продажба се очекува да учествува со 65 отсто, а пласманот на домашниот пазар ќе учествува со 35 отсто.
Бизнис планот на компанијата предвидува дека во 2022 година во материјални и нематеријални средства да се инвестираат 14 отсто од консолидираните приходи на друштвото.
„Алкалоид“ денеска го објави финансискиот календар за 2022 година во кој детално се наведени сите ценовно чувствителни информации за следната година кои се корисни потенцијалните инвеститори да антципираат вложувања таа акција. Најкорисна информација на инвеститорите во акции веројатно ќе биде потврдата од календарот за исплата на дивиденда од успешното работење за 2021 година. Акционерското собрание ќе се одржи во првите 11 дена на април, а точките за дневниот ред ќе бидат објавени еден месец претходно. „Алкалоид“ е прва компанија која објави дека ја продолжува повеќегодишната традиција за објава на дивиденда. Износот што беше исплатен годинава за ланската добивка е 400 денари, а согласно корпоративната политика на „Алкалоид“ може да се очекува и повисока дивиденда од исплатената за 2020 година.
Воедно финансискиот календар ги содржи и термините за објава на кварталните информации за финансиското работење на „Алкалоид“. Календарот завршува со објава на бизнис планот за 2023 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.