Компанијата за дистрибуција на замрзната храна „Слога Пром“ од Кавадарци, традиционално предновогодишно обезбеди 300 пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства од Кавадарци.
Во соработка со општина Кавадарци е распределена едната половина од пакетчињата, а другата половина е распределена во соработка со повеќе хуманитарни здруженија и невладини организации од градот. Дополнително, компанијата и оваа година донира материјали и реквизити, согласно потребите на основното училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, со што ќе се олесни и унапреди образовниот процес во инклузивните паралелки.
„Слога Пром“ е компанија којашто потекнува од локална средина и иако од помал град – свесно се носиме со улогата и одговорностите што ги имаме кон заедницата од која сме дел и каде работиме. Новогодишни подароци за деца од ранливи категории, како и едукативна опрема за основното училиште „Страшо Пинџур“, каде учат деца со попречености, е нешто што го правиме секоја година заедно како компанија со сите наши вработени. Ваквата празнична акција и дарувањето прерасна во традиција што ќе се трудиме да ја зачуваме и негуваме и во иднина. Идејата ни е да овозможиме секое семејство, секое дете, да го почувствува духот и магијата на празниците, но во исто време сакаме да бидеме предводници на значајни позитивни промена во заедницата, изјави Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на „Слога Пром“.
Компанијата 30 години е присутна на македонскиот пазар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.