Македонија

„Кожувчанка“ со донација за Заводот за деца во Битола

19 Nov 2021

Претставници на „Кожувчанка“ од Кавадарци го посетија Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин”од Битола каде со одговорните зборуваа за недостатоците и проблемите со кои се соочува овој завод. 

По нашата прва средба na иницијатива на сопругата на амбасадорот на Словачка амбасада во Скопје, г-ѓа Жанет Маркушова и здружението  „Добредојде Македонија - Велком Центар“, договоривме  дека ова е релација која само што започна. Денес донираме три лаптопи и монитор на допир, а во иднина ќе се потрудиме да ги следиме потребите за подобрување на функциоирањето на децата во Заводот, но и да ги повикаме останатите компании да ни се приклучат во креирањето на заедничко, подобро општество за сите, изјави Митко Јовановски од маркетинг секторот на „Кожувчанка“. 
                 
                   



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...