Македонија

„Лион“ лансираше премиум крем без шеќер

26 Oct 2021

Компанијата „Лион“ го лансираше првиот македонски премиум крем без шеќер, под брендот Леона. 

Производот содржи 5 отсто лешник, а спакуван е во пакување од 350 грама.  

Како замена за шеќер е употребен малтитол, шеќерен алкохол по формула, кој се перцепира како здрава замена за шекерот - има 75-90% од сладоста на сахарозата и неговата калорична вредност е за 40% пониска од онаа на шеќерот.

Компанијата има поднесено барање до Дирекција за храна за да добие одредени здравствени тврдења како би можеле кремот да го користат и дијабетичари.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...