Македонија

Денови на Италија во „Тинекс“ - The Extraordinary Italian Taste

19 Oct 2021

Канцеларијата на ИТА Скопје - Одделот за промоција на економската соработка при Амбасадата на Италија во соработка со „Тинекс“ традиционално по шести пат организира промоција на италијански прехранбени производи и пијалаци.

Промоцијата ќе се реализира од 27 октомври до 7 ноември  во 15 маркети на „Тинекс“, од кои 11 во Скопје, а останатите во Куманово, Битола, Охрид и Струмица. Во промоцијата е вклучена и онлајн-продажбата e-tinex.

Под логото The Extraordinary Italian Taste ќе бидат промовирани 77 врвни италијански брендови со околу 1.000  прехранбени производи и вина кои ќе можат да ги задоволат различните вкусови на потрошувачите. За секоја сметка од најмалку 1.000 денари од производите вклучени во промоцијата купувачите ќе добијат подарок.

Промотивните и маркетинг-активности имаат за цел зајакнување на имиџот на италијанските прехранбени производи и вина, приближување до купувачот, како и овозможување на влез на нови италијански производи и вина и нивно позиционирање на пазарот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...