Македонија

Стопанската комора на Србија ги повика македонските компании на „Експо 2020 Дубаи“

08 окт 2021

Компании од Северна Македонија, Србија и Албанија од иницијативата Отворен Балкан, ќе учествуваат на „Експо 2020 Дубаи“, соопштија од Стопанската комора на Србија (СКС).

Според соопштението, претседателот на СКС, Марко Чадеж ги повика сите компании од Северна Македонија и Албанија да ја контактираат Комората и да ја искористат оваа можност да се претстават пред светот.

Во следните шест месеци, поканетите компании ќе можат да го користат деловниот хаб на СКС како свој. Ова ќе им даде можност да се поврзат со други компании и да остварат нови зделки на „Експо 2020 Дубаи“, рече Чадеж.

Српскиот бизнис се отвори минатиот викенд и неговиот простор и инфраструктура веќе ги користат првите компании од Србија што се претставија на „Експо 2020 Дубаи“.

„Експо 2020 Дубаи“ е најголемата изложба во светот и ќе трае до крајот на март 2022 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...