Македонија

Бектеши: Aко треба ќе ги „замрзнеме цените“ на основните производи

06 Oct 2021

Ако е потребно, ќе ги искористиме механизмите за да нема ценовни шокови, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши во врска со предупредувањето од Стопанската комора дека храната драстично ќе поскапи.

Бектеши  изјави дека состојбата будно се следи.

Будно ја следиме ситуацијата во делот на глобалниот ланец на снабдување, посебно со прехранбените производи. Тоа го покажавме и во време на пандемија. Секако има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија каде што за основните производи може да донесеме одлуки во делот на замрзнување на одредени цени, било тоа да се цени во прехранбените производи или суровини кои се увезуваат или се продаваат директно во голема и мала продажба, рече тој. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...