Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) почнува нова програма од 155 милиони евра за Западен Балкан и Турција за отстранување на пречките за премин кон циркуларна економија.
Според ЕБОР, програмата наречена „Регионална иницијатива за циркуларна економија” ќе ги поддржи инвестициите во приватниот сектор, особено малите и средните претпријатија за воведување иновативни технологии и деловни модели на кружна економија со ефикасни ресурси во Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Турција.
Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) ќе ја финансира програмата со 13,76 милиони американски долари, на кои ќе им се придружат средства од ЕБОР од приближно 140 милиони долари.
Според ЕБОР, програмата ќе биде дополнително поддржана од австриското федерално Министерство за финансии со средства во износ од милион американски долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.