Македонија

За храна и пијалаци едно семејство одвојува по 14.000 денари

16 Sep 2021

Синдикалната кошница за месец август 2021 година изнесува 34.342 денари и зголемена е за 214 денари во однос на претходниот за месец јули 2021 година.

Доколку во семејството има еден ученик, синдикалната кошница за месец август 2021 година изнесува најмалку 42.342 денари, информираа од Сојузот на синдикати на Македонија.

Според нив, најмногу пари треба да се одвојат за храна и пијалаци, 14.633 и за домување 10.818 денари. За лична хигиена потребни се 2.382, а за превоз минимум 2.529 денари. За култура 1.068 денари и за здравје 736 денари. Анализите на ССМ покажаа дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат.

Посебен товар за граѓаните односно на едно четиричлено семејно домаќинство овој месец е и почетокот на учебната година за кој според податоците кои се официјално достапни и изнесени во јавност, родителите треба да одвојат најмалку по околу 8 000 денари по дете кое посетува настава во основно или средно училиште.

ССМ потенцира дека ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граѓаните.

Поради се по евидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба плата за живот со која ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница со само една плата, стои во соопштението.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...