Македонија

„Макпрогрес“ и СОС Детско село ја завршија хуманитарната кампања

14 Sep 2021

„Макпрогрес“ годинава реализираше хуманитарна кампања за обезбедување на средства за поддршка на работата на СОС Детско село и преку оваа активност, уште еднаш ја потврди општествено одговорната практика.

Во оваа хуманитарна кампања, компанијата донираше 5 денари од секој купен производ КЕЈК од Vincinni и на тој начин овозможија и потрошувачите да се вклучат во кампањата и да бидат дел од оваа акција; повеќе продадени производи – поголема поддршка за децата без родителска грижа и во ризик да го изгубат семејството.

Со кампањата, „Растеме заедно за детство со насмевки“, која траеше 6 месеци се обезбедени 305.670,00 денари кои свечено ги предаде Костадинка Цветанова – косопственик и коосновач на „Макпрогрес“ на Јулијана Накова Гапо национален директор на СОС Детско село.

 По повод 30 години јубилеј на Макпрогрес и 20 години јубилеј на СОС Детско село, компанијата се одлучи оваа година да ја зајакне својата поддршка преку хуманитарна кампања „Растеме заедно за детство со насмевки преку која се обезбедија финанасиски средства за поддршка на СОС Детско село. Традиционално Макпрогрес продолжува со хуманитарните активности и ги повикува и останатите комапнии да го следат нашиот пример, изјави Г-ѓа Костадинка Цветанова – сосопственик и коосновач на Макпрогрес доо Виница.


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...