Трошоците за животот во август годинава се за 0,6% повисоки во споредба со јули, а цените на мало се зголемиле за 0,4%. Во споредба со август 2020 година, трошоците бележат зголемување за 3,6%, а цените на мало за 4,9%.
Според Државниот завод за статистика, пораст на на индексите на трошоците за животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови (15,8%); сирењето и урдата (1,1%); месото (0,9%); лебот и житата (0,7%); млекото (0,6%); шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи (0,3%), како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци (0,2%).
Намалување на индексите на трошоците за животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите, свежото и разладеното овошје (0,7%).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.