„Веро“ картичката им овозможува двојни поволности на потрошувачите за цел август, соопштија од синџирот маркети.
При секое пазарување во „Веро“ до крајот на месецов, со секој купен производ кој носи и дополнителни поени, поените на „Веро“ картичката се дуплираат. Двојните поени и придобивки од пазарувањето во „Веро“ се достапни и за новите членови на лојалната програма, односно и за тие што до крајот на овој месец ќе станат сопственици на „Веро“ картичка.
Потрошувачите кои немаат „Веро“ картичка, за истата можат да аплицираат во кој било „Веро“ маркет.
Поволностите што ги нуди „Веро“ картичката континуирано се надградуваат и унапредуваат, со цел на нашите лојални потрошувачи да им обезбедиме многу попусти, најконкурентни цени на пазарот и бројни заштеди при секое пазарување во нашите маркети. Во исто време, преку лојалната програма им овозможуваме на нашите добавувачи дополнителна промоција на нивните производи, што придонесува за поддршка на производството и развој на домашната економија. „Веро“ е компанија која постојано наоѓа иновативни начини за да им овозможи бројни поволности на потрошувачите за максимално уживање во шопингот, така што и во иднина ги очекуваат различни изненадувања со кои секогаш добиваат повеќе, изјави Милана Петковски, одговорна за маркетинг одделот во „Веро“.
Досега, има над 171.000 корисници на „Веро“ картичка.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.