Македонија

ССМ: Невакцинираните не можат да бидат избркани од работа

10 Aug 2021

Не постои законска или каква било друга можност поради одбивање наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација, да се загуби работното место, а на работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација, реагира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) по најавите за санкции за невакцинираните граѓани.

Оттаму потсетуваат дека ССМ во изминатиот период укажуваше на сериозноста од зголемен број пријави поради тоа што некои несовесни работодавачи на работниците не им дозволувале и ги попречувале во работни денови да се вакцинираат иако имале закажан термин за вакцинација по свој избор. ССМ бараше и денот за имунизација на работниците да се смета како платено отсуство од работа, но, за жал, ниту тогаш ниту денес тоа не е случај.

Пријавувањето за вакцинација е доброволно, а граѓаните преку пополнување формулар, прифаќаат дека ниту државата ниту производителот на вакцините не сноси никаква одговорност за евентуалните негативни последици од неа, па ги прашуваме работодавачите дали се спремни тие да сносат таква одговорност. Сето ова може да ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза, велат од ССМ по изјавите на министерот за здравство Венко Филипче администрацијата и вработените во приватниот сектор да се мотивираат да се вакцинираат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...