Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, му врачи благодарница на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ кој го направи првиот чекор во заедничкото дејствување во бизнис заедницата на Западен Балкан 6 со акцијата за вакцинирање на бизнисмените во март годинава.
Едно големо благодарам за сè што направивте за поддршка на бизнис заедницата во услови кога светската пандемија предизвикана од Ковид - 19 вирусот беше во најголем ек, рече Азески, врачувајќи ја благодарницата на Вучиќ.
Благодараница за заедничка реализација на вакцинацијата на бизнисмени доби и претседателот на Стопанската комора на Србија и претседател на Коморскиот инвестициски форум, Марко Чадеж.
На доделувањето на благодарниците присуствуваа и д-р Горан Свилановиќ, советник на претседателот на Стопанската комора за регионални прашања, Светозар Јаневски, член на Бизнис советот на КИФ и Владимир Стајиќ, стопанственик,член на Комората.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.