Компанијата „Цермат“, како дел од политиката за општествена одговорност и партнерска соработка со Црвен крст, донираше 1.500 сладоледи за вакциналниот пункт во Битола.
Во овој пункт располагаме со персонал од над 70 лица што се лекари, среден медицински персонал, администратори и волонтери од Црвениот крст. Високите температури се дополнителен предизвик за нас и за граѓаните. Затоа сме им благодарни на сите што наоѓаат начин да се вклучат и да го дадат својот придонес, изјави д-р Марија Димовска, координатор во вакциналниот пункт.
„Цермат“ ќе продолжи да ги следи активностите на Црвениот крст низ земјата со цел да им ја олесни работата на волонтерите, а на граѓаните да им овозможи кратка воздишка и освежување на високите летни температури.
Црвен крст ги повикува сите останати компании, кои се во можност, да се вклучат во акциите што се организираат низ целата држава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.