Македонија

Дигитален асистент ќе помага за програмите за државна помош

23 Jul 2021

Олеснување на комуникацијата и пристапот до информации за државна помош и поддршка на домaшаните и странските компании и инвеститори, намалување на времето на чекање на одговор од институциите, ќе треба да овозможи дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош за чија изработка денеска беше објавен јавен повик.

На јавниот повик, кој ќе трае до 20 септември, право да аплицираат имаат трговски друштва основани согласно Законот за трговски друштва и регистрирани во Централниот регистар, да се со мнозинска македонска сопственост (со 50,1 отсто или повеќе) и годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 10 милиони евра во претходните две фискални години.

Кои се условите, каде се аплицира, како се аплицира, кои документи се потребни, која институција е надлежна, што се постои како услов за државна помош и слично се само дел од прашањата кои овој дигитален асистент ќе ги одговара, рече на денешната презентација на јавниот повик вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Дигиталниот асистент треба да е способен за брзо учење, да овозможи комуникација со корисниците преку текстуални пораки, да го прилагоди својот јазик и тон врз основа на контекстот, да разбере и одговори на македонски, албански и англиски јазик и лесно да се ажурира во реално време.

Тој ќе ги дава сите потребни информации помош за мерките и помош од планот за економски раст, кој само за потсетување, е иструмент за поддршка на развојот на домашните и странските компании во насока на изедначување на критериумите и условите за добивање државна помош за сите компании, независно дали се домашни или странски, микро мали, средни или големи, нагласи Битиќи додавајќи дека на овој начин ќе се зголемува бројката на компании кои добиле помош и поддршка. Во таа насока, тој потсети дека само во три години 900 компании од земјава добиле поддршка преку планот за економски раст.

Директорот на ФИТР, Коста Петров, истакна дека Фондот преку овој проект првпат се вклучува во дигитализација на процесите во Владата.

Сигурен сум дека ова е само почеток на многу нови иницијативи со кои ќе им овозможиме на граѓаните и на компаниите полесна комуникација со инститициите на Владата, рече Петров.

Имплементацијата на проектот може да биде во времетраење од вкупно 24 месеци, 12 месеци за развој и имплементација и 12 месеци за одржување и надградба. Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до шест месеци. За финансирање на проектот во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет од девет милиони денари.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...