Синдикалната минимална кошница во јуни годинава изнесува 34.212 денари, соопшти Сојузот на синдикати.
Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, 14.547,96 денари се за исхрана и пијалаци, 10.800,18 денари за домување, 2.378,03 денари за хигиена, 2.508,84 денари за превоз, 2.176,2 денари за облека и обувки, 1.067,86 денари за култура и 732,8 денари за одржување на здравјето.
Како што наведуваат од Сојузот на синдикати, просечно исплатена нето-плата за април годинава, според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, била 28.438,00 денари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.