Македонија

Една година од регистрацијата на малите семејни винарници

08 Jul 2021

Помина една успешна година откако најголем дел од членовите на здружението „Тиквешки семејни винарии“ се впишаа во регистарот на производители на вино.

И во време на пандемија произведовме врвни вина што се закитија со многу домашни и меѓународни награди, изјави Горан Јаковлевски, претседател на здружението со седиште во Кавадарци.

Тој упати благодарност до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  и до другите државни институции, со чија помош здружението и понатаму ќе продолжи да дејствува за развој на регионот и Македонија како винско-туристичка дестинација.

Јаковлевски потсети дека по законските олеснувања, пред една година почна регистрацијата на малите семејни винарници и додаде дека сега, регистрирани се педесетина фамилијарни вински бизниси во целата држава, најмногу во Тиквешијата. Се спремаме за новиот гроздобер, имаме квалитетен род во лозјата и очекуваме успешна берба. Тројца од нашите членови  добија грантови,  поддршка за млади земјоделци од по 20.000 евра за опрема во винските капацитети, рече тој.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...