Македонија

President Salakis Traditional сега и во вакуум пакување

01 Jun 2021

Président Salakis Traditional сирењето доби ново, вакуум економично пакување од 300 грама кое лесно се користи, се транспортира и се чува.

Во време кога природата и сонцето нè повикуваат на дружба, ова сирење е неизоставен дел од секоја летна трпеза и е совршено залче со разни пијалоци, крекери, но и за на скара. Задолжителна состојка во салати и рецепти со домат, босилок, маслинки, пиперки или послужено со дресинг од маслиново масло и оригано. Исечено на парчиња, со неодоливо сочен, кремаст и свеж вкус Président Salakis Traditional е богато сирење што секогаш ќе биде добро друштво и дома, во сосови и тестенини, супи и чорби, во рижото, лазањи, но и во топли сендвичи, пици и многу запечени јадења, соопштија од компанијата „Лакталис Македонија“ во чие портфолио е брендот President. 

Président Salakis Traditional e создадено од 100% високо квалитетно млеко, со карактеристичен, интензивен вкус и богата, млечна текстура. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...