Вчера „Рамстор“ – Македонија беше дел од настанот за доделување сертификати на учесниците во програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“.
Компанијата „Рамстор“ третпат е дел од оваа програма на Советот на странски инвеститори, која е под покровителство на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Веруваме дека со оваа програма им овозможивме на младите, талентирани и иновативни луѓе од С. Македонија да ги надградат и да ги подобрат вештините, како и да ги развијат креативните и лидерски способности, споделувајќи го нашето 16-годишно искуство во малопродажниот сектор. Имавме можност да ги слушнеме размислувањата и знаењата на младите преку подготовка на студија на случај и нивните практични совети ни оставија силен впечаток, изјави Даниела Адемоска, генерален директор на „Рамстор“ – Македонија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.