Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на малите и средни претпријатија обезбедувајќи кредит во износ од 1 милион евра за „Шпаркасе лизинг“, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП).
МСП ќе можат да аплицираат за средства наменети за инвестирање во сопствена надградба, во насока на достигнување на ЕУ стандардите, квалитет на производите и безбедност, здравје и безбедност и енергетска ефикасност. Тука се вклучени инвестиции во технологија, опрема, возила, итн. Се очекува најмалку 60% од инвестициите да бидат во зелени технологии и енергетска ефикасност
По успешното завршување на инвестицијата, МСП ќе можат да се квалификуваат добијат поврат на средствата, т.е. грант во износ од 15% од вкупната сума на кредитот. Оваа поддршка е обезбедена од Европската Унија.
Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на Западен Балкан, преку која ЕБОР обезбедува кредитирање, а Европската Унија техничка помош и грант. Целата е да им се помогне на МСП во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.
МСП се основа на економијата во Северна Македонија и беа особено погодени со оваа криза. Кредитната линија ќе им овозможи да инвестираат во конкурентноста и да ја зајакнат отпорноста, што ќе им помогне да се истакнат на локалниот пазар, но и ќе ги зголеми шансите за извоз во земјите на ЕУ, изјави Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,14 милијарди евра преку 143 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.