Компанијата „Гемак трејд“ одбележува една година од отворањето на својата онлајн-продавница.
Новиот е-канал за продажба кој овозможи брзо и едноставно пазарување на производите од портфолиото на „Гемак“, а изминатата година се заокружува со стотици реализирани нарачки и повеќе илјади продадени производи.
Горди сме на годината што измина, до толку повеќе што ова беше година полна со предизвици, а ние, токму преку нашата веб-продавница, успеавме да останеме достапни за нашите консументи, целосно и навремено да одговориме на нивните побарувања, велат од „Гемак“.
По повод првиот роденден на веб-продавницата, „Гемак трејд“ подготви промотивно роденденско изненадување. Имено сите оние кои денеска, 6 мај, ќе направат нарачка во вредност над 3.000 денари, ќе добијат попуст на нарачката од 500 денари. Во онлајн-продавницата на „Гемак“ можат да се купат сите добро познати брендови алкохол, газирани пијалаци, кафе и чај од портфолиото на компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.