Во новиот Закон за работни односи, предвидено е рабниците кои тој ден ќе работат во недела да земаат 100 отсто повисока дневница. Трговските центри ќе работат со скратено време од 10-18 часот.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи објасни дека законското решение за „недела – неработен ден“ кое е поставено на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) е направено на консултативен начин, меѓу синдикатите и работодавачите. Тој истакна дека не можете да направите системска промена, што бара промена во однесувањето на сите во општеството, без притоа да ги прашате клучните чинители. Токму затоа заедно со синдикатите и со Организацијата на работодавачи ги утврдиле исклучоците за компании кои би работеле во недела.
Нема да работат трговските објекти насекаде, на угостителските објекти ќе им се дозволи да работат во недела со одреден временски период, ќе им се дозволи според Законот за трговија на одредените дејности во трговија, во трговските центри, притоа морам да нагласам дека ќе се лимитира времето на работење, само во една смена од 10-18 часот, а притоа ќе плаќаат дополнително давачка за работењето во недела. Таа дополнителна давачка е до 2 отсто од приходот заработен во неделата и таа давачка ќе оди наменски за градење на детски градинки. Дополнително, оние работници кои ќе работат во трговски центри, во недела, ќе добиваат 100 проценти повисока дневница. Направивме еден модел заеднички во економско-социјалниот совет, во којшто дозволивме и да се работи, затоа што мораме да се грижиме за економијата, но исто така работниците да си уживаат одредени права, рече Битиќи.
Во недела ќе биде дозволено да работат трговците поединци, кои самите го дефинираат работното време и притоа самите ќе ги извршуваат работните обврски.
Се вчитува следна вест...