Македонија

„Алкалоид“ со 58 нови вработувања и инвестиции во износ од над 178 милиони денари

05 May 2021

„Алкалоид“ со консолидирани продажби во износ од 3,27 милијарди денари, со 58 нови вработувања во земјата и со инвестиции во износ од над 178 милиони денари во периодот од јануари до март 2021 година.

Според единечниот биланс на успех, во периодот од јануари до март 2021 година, продажбите достигнуваат 2.406.134.466 денари, што е за 4% помалку во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 3.273.226.394  денари, што е за 3% помалку во споредба со истиот период од минатата година.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 606.551.018 денари и бележи раст од 12%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 346.686.179 денари е зголемена за 10%.

Вкупните инвестиции во основни средства, во првите три месеци од 2021 година, изнесуваат 178 милиони денари.

Во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100% од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Македонија. „Алкалоид“ во првите три месеци од годинава реализираше 58 нови вработувања и вкупно брои 2.430 вработени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...